Панел во Црна Гора: Реално е да се очекува силен земјорес во блиска иднина

Од:

Директорот на Сеизмолошкиот завод на Црна Гора Бранислав Главатовиќ предупреди денеска дека во таа држава во блиска иднина постои закана од силен земјотрес.

Според Вијести, Главатовиќ навел дека статистиката покажува дека на подрачјето на црногорското приморје секои 50 до 70 години се случуваат силни земјотреси. Последниот таков земјотрес бил во април 1979 година.

Тој вели дека е реално да се очекува во иднина земјотрес со максимален интензитет до 9 според Меркалиевата скала односно 6-7 по Рихтер, да го погоди целото приморје и Скадарската котлина.

– Во ек на турстичка сезона бројот на жртви би бил околу 6.000 додека вон туристичка сезона од 300 до 600. Вкупната штета би била меѓу пет и 50 милијарди евра, изјави Главатовиќ.

Учесниците на панел-дискусијата денеска во Подгорица заклучија дека сеизмичкиот ризик во Црна Гора моментно е најголем во историјата. Последниот разорен земјотрес од 1979 година беше со интензитет од 9  степени по Меркалиевата скала. Во земјотресот загинаа над 100 луѓе.

Би можело да ве интересира

Многу силен земјотрес ја погоди Португалија

Земјотрес во Србија

Земјотрес во Риека: Се тресеше тлото во Хрватска

Горан Наумовски

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Земјотрес кај Чачак

Силен земјотрес го погоди Мексико