Палмер: Србија и Црна Гора треба да имаат отворени канали за комуникација

Од:

Србија и Црна Гора вечно ќе бидат соседи и треба да најдат начин да ги решат сите прашања во партнерски однос, изјави за Гласот на Америка специјалниот пратеник за Балканот, Метју Палмер.

Тој посочи дека Црна Гора има право да воспостави параметри за тоа кој може да влезе во земјата во согласност со епидемиолошките препораки.

– Најважната порака е дека двете земји треба да разговараат, владите треба да комуницираат и треба да има отворени канали за комуникација, кажа Палмер.

Тој додаде дека треба да се внимава на одлуките што можат да влијаат врз односите со важен сосед и како тие ќе влијаат на летната туристичка сезона, со оглед на важната улога на српските туристи во црногорската економија.

– Значи, постои простор за разговор што треба да биде отворен, транспарентен, спроведен мирно и да се идентификува патот напред, кој е во корист на сите, истакна Палмер.

Тој за дијалогот меѓу Белград и Приштина оцени дека во предлогот на Франција и Германија нема ништо изненадувачко.

– Нема ништо во тој предлог што е за изненадување. Искрено, секој што ќе стави нешто конструктивно на маса – ќе направи добро. Ние би сакале да видиме дека прашањето за формирање влада во Косово ќе се реши што е можно поскоро, да се изберат легитимни претставници кои ќе го претставуваат Косово во меѓународната заедница и во дијалогот. И, да видиме дали можеме да ги доближиме Србија и Косово до договорот за нормализација, истакна Палмер.

Американскиот дипломат за Гласот на Америка изјави и дека САД разбираат некои од аргументите на српската опозиција дека изборните услови не се фер, но посочи дека нејзиниот глас помалку ќе се слуша ако ја напушти политичката арена.

– Кога станува збор за изборите на 21 јуни, би сакале граѓаните на Србија да имаат најголем можен избор, важно е во демократскиот процес да постои правилен избор и ги охрабривме сите политички партии да учествуваат. Бојкотот скоро никогаш не е добар начин да се изрази незадоволство. Ја поздравуваме одлуката на оние што решија да учествуваат и се надеваме дека граѓаните на Србија кога ќе излезат на гласање на 21 јуни, ќе имаат за кого да гласаат, наведе Палмер.

Тој додаде дека е важно мисијата на ОБСЕ во Србија да ги процени условите за изборите.

Би можело да ве интересира

Најавени нови протести ширум Србија

ЕУ: Случувањата во Србија не се пречка за дијалогот со Косово

Ана Ололовска

Да не го давиме Белград: Режимот манипулира со оправданиот гнев на луѓето

Ана Ололовска

Претседателката на косовското Собрание бара да се разрешат министрите кои го поддржуваат Вучиќ

А1он

Вучиќ најави заострување на мерките и соопшти дека е за воведување на полициски час

А1он

Русин сопственик на првиот црногорски пасош во рамки на економско државјанство

Ана Ололовска