Палмер: Новата влада во Приштина мора да биде подготвена да ги укине таксите

Од:

Специјалниот претставник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Метју Палмер изјави дека следната косовска влада во Приштина мора да биде подготвена да ги укине царините на српските производи, кои, како што наведе, се пречка за продолжување на дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Палмер за Гласот на Америка рече дека САД се надеваат оти Србија на укинувањето на тарифите ќе одговори со свои иницијативи, кои би опфатиле и потенцијална суспензија на кампањата за повлекување на признавањето на Косово, и оти врз тие основи, двете страни би можеле да се вратат на преговарачка маса во позитивна атмосфера, свртени кон постигнување договор.

– Прво да ги почекаме изборите на Косово кои се закажани за 6 октомври, после што следува процес за формирање влада, рече Палмер по враќањето од посетата на регионот.

Би можело да ве интересира

Курти: Српска листа не е српската заедница

Косово: Се затруле додека ги броеле српските гласови, Српска листа обвинува за сценарио

Вучиќ: Никој не ни нуди поделба на Косово, ништо нема да ни дадат

ЕУ бара почитување на Уставот на Косово при формирањето нова Влада

Одржана Парадата на гордоста во Приштина

Курти: Дијалогот со Белград ќе го водам јас, а не Тачи