Пахор: Прием на Западен Балкан во ЕУ за да се спречи прекројување на границите

Од:

Претседателот на Словенија, Борут Пахор денеска изјави дека ќе стори се што е во негова моќ на наредниот процес „Брдо-Бриони” да биде усвоена декларација со која ќе се апелира на ЕУ и Европската комисија, процесот на проширување на Западен Балкан да го гледаат како геополитичко прашање што ќе донесе безбедност во тој дел од Европа.

Пахор во обраќање на десеттиот Сараевски бизнис форум изрази загриженост дека одложувањето на процесот на проширување ќе го загрози целиот процес на европска интеграција и безбедност.

– На земјите од Западен Балкан останува да го забрзаат процесот на реформи, значи на владите на Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Северна Македонија, Косово, Црна Гора е да го сторат тоа, а не да ја чекаат Европската унија. Но, во исто време навистина сакам Унијата да биде во можност да постигне консензус по прашањето за процесот на проширување, изјави Пахор.

Тој смета дека во спротивното „ќе се појават старите националистички сили”, кои, како што вели, ќе се обидат да ги менуваат границите по етнички принцип, што, според него, ќе ја загрози безбедноста на цела Европа.

– На владите во регионот е да ја завршат својата работа и тоа да го сторат брзо, а на Брисел е да сфати дека процесот на проширување треба да се забрза. Мојата земја ќе биде пријател на регионот, истакна Пахор.

Тој посочи дека безбедната и просперитетна иднина на Западен Балкан е поврзана со пристапувањето во Европската унија и верува дека Унијата треба да се однесува на таков начин.

Според него, политиката на проширување во следните неколку години треба да биде пофлексибилна, повеќе политичка, а помалку техничка.

Тој нагласи дека и покрај мислењето оти не постои консензус за ова, тоа сепак не е така.

– Кога ќе се формира нова Комисија по изборите, едно од најважните прашања на маса ќе биде прашањето за брзината на процесот на проширување. Не велам дека не треба да се исполнат стандардите и дека ние не треба да го почитуваме процесот, но сега е време ЕК да го гледа Западен Балкан како геополитичко прашање, семта Пахор.

Тој посочи дека неговата изјава се однесува на земјите од Западен Балкан, како и тоа дека не зборува во име на ЕУ, туку како претседател на една од земјите членки на Унијата.

Би можело да ве интересира

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он

Семејство и двајца водичи се спасени од пештера во Словенија, беа „заробени“ три дена

Горан Наумовски