Пахор предлага ЕУ да и додели кандидатски статус на БиХ веднаш и без услови

Од:

Словенечкиот претседател Борут Пахор денеска предложи промена на пристапот на Европската унија кон БиХ, односно брзо доделување кандидатски статус на земјата, по што ќе инсистира на спроведување на предусловите поставени од Европската комисија за БиХ во 2019 година.

Говорејќи во Сараево на отворањето на деловна конференција, Пахор рече дека на сите им е јасно дека политичката стабилност е предуслов за економски развој и дека регионот на Западен Балкан останува област на политичка нестабилност.

Тој оцени дека постојано му се заканува нестабилност предизвикана од бугарската блокада на македонските преговори за членство во ЕУ, која се прелева и во Албанија, немањето напредок во преговорите меѓу Србија и Косово, но и внатрешните проблеми што ги има БиХ.

Пахор објасни дека интеграцискиот процес, поради неговата прекумерна бавност, предизвика раст на национализмот и поттикна неприфатливи идеи за промена на границите во регионот.

Затоа, тој предложи за проширувањето да се размислува како за најважно прашање кое стана особено важно по руската агресија врз Украина.
„Го поддржувам забрзаниот пристап на Украина, но сакам и забрзан пристап кога станува збор за БиХ“, рече Пахор, додавајќи дека е неопходно да се искористи сегашниот момент и да и се помогне на БиХ, бидејќи тоа е клучно не само за БиХ, туку и за стабилноста на регионот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Во дел од Босна и Херцеговина прогласена епидемија на морбили

А1он

ВИДЕО: Силен земјотрес од 4,9 степени ја погоди Босна и Херцеговина

Катерина Ѓуровски

Земјотреси во Хрватска и во Босна

Апсења за тероризам во Сараево

Ужас во Босна: 14-годишник заклал шест кучиња

ВИДЕО: Син на пратеник уапсен за убиството на полициски инспектор во БиХ

Катерина Ѓуровски