Пахор ќе се кандидира за претседател

Од:

Поранешниот премиер на Словенија, Борут Пахор најави дека ќе се кандидира за претседател на државата, јавија словенечките медиуми.

Пахор од функцијата, премиер на Словенија, си замина во септември 2011. година, кога парламентот изгласа недоверба во неговата влада. Тој смета дека е дојдено време да учествува во трката за претседател на Словенија.

„Не сакам само да нагаѓам за иднината на нашиот народ, сакам да учествувам во креирањето на таа иднина, изјави Пахор на конгресот на неговата Социјалдемократска партија во Кочевје, пренесуваат агенциите.

На есенските избори за претседател на Словенија, досега свои кандидатури најавија, актуелниот претседател Данило Тирк, европскиот пратеник, Милан Звер, претседателот на вонпарламентарната Словенечката национална странка, Змаго Јелинчиќ и независниот кандидат Марко Кожар.

Би можело да ве интересира

Драма во Словенија: Тренер изгуби свест на натпревар, лекарите се бореа за неговиот живот

Расте нивото на реките во Словенија: се стравува од поплави и одрони, дел од граѓаните се евакуирани

Затруените македонски војници во Словенија се во добра состојба

Катерина Ѓуровски

Македонски војници затруени со јаглерод моноксид во Словенија, двајца во болница

Катерина Ѓуровски

Стравични вести од Словенија: Штетата од поплавите е неколку милијарди евра, Украина испрати помош

Словенија бара помош од Европската унија и од НАТО