Падна на сцената и почина: Млад човек го загуби животот за време на фолклорен концерт во Србија

Од:

Член на Културно уметничко друштво од Краљeво, 21-годишен млад човек почина вчера вечер на пат кон болницата во Чачак, откако му се слоши за време на настапот на манифестацијата „Купусијада“ во Мрчајевци.

– Го следевме концертот и еден млад човек кој свиреше на еден од инструментите само одеднаш се сруши на сцената. Брзата помош веднаш пристигнала на лице место, била извршена реанимација и младиот човек бил сместен во амбулантата. Потоа слушнавме дека починал на пат кон болница, изјави еден од очевидците за РИНА.

Портпаролот на таа здравствена установа, д -р Билјана Кочовиќ, за РТС потврдила дека младиот човек бил донесен во болницата во Чачак без витални параметри и по долго реанимација без одговор.

Како што пишува РТС, станува збор за младо момче, член на ансамблот „Ризница“ од Краљево.

По информацијата дека младиот човек починал, програмата веднаш била прекината.

Точната причина за смртта ќе биде потврдена по обдукцијата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов