Пад на невработеноста во Бугарија на годишно ниво

Од:

Стапката на невработеност во Бугарија минатиот месец изнесуваше 11,1 проценти, што е за 1,1 процентни поени помалку во однос на јануари 2014 година, соопшти денеска бугарската Агенција за вработување.

Како што јави БТА, во однос на декември 2014, стапката на невработеност во јануари годинава пораснала за 0,4 проценти поени, но според Агенцијата, тоа не претставува изнандѕвање имајќи предвид дека по традиција невработеноста секогаш расте во првиот месец од годината.

Причина за ваквиот раст е фактот што во јануари секогаш на Бирото за вработување се пријавуват лица чии договори за работа истекле на крајот на претходната година, а исто така истекуваат и договорите за субвенционираните вработувања.

Минатиот месец во Бирото за вработивање биле регистрирани 363.964 невработени, што е за 12.913 повеќе во однос на лани во декември, но и за 37.269 лица помалку споредно со јануари 2014 година.

Во јануари годинава се вработиле 22.005 лица, што е за 6.804 повеќе во однос на претходниот месец и за 5.313 повеќе во однос на истиот месец лани.

Би можело да ве интересира

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Сиљановска Давкова: Договор за пријателство со Бугарија нема одредба за менување на Уставот

Горан Наумовски

Главчев: Македонија едноставно треба да ги исполни барањата на ЕУ

Медиуми: 1,6 милиони евра поврзани со нападот во Либан поминале низ Бугарија

Горан Наумовски

Бугарското МНР за знамињата на средбата меѓу Сиљановска Давкова и Радев: Посетата не беше официјална

На бугарскиот амбасадор Желјаско Радов му била укажано за отстапувањето од договорениот протокол

Предраг Петровиќ