Пацоли: Територијалниот интегритет на Косово е недопирлив и ќе го признаете порано или подоцна

Од:

Косовскиот министер за надворешни работи во оставка Беџет Пацоли оцени дека поделбата на Косово никогаш нема да се случи.

Тој додаде дека е тоа идеја која постои „само во соништата на Кремљ и Белград“.

Реагирајќи на изјавата на рускиот амбасадор во Белград Александар Боцан-Харченко дека не разбира зошто поделбата на Косово би претставувала преседан во Европа, Пацоли на својот „Твитер“ наведеде дека „единствен преседан кој некогаш е направен во Европа бил оној кој го направила Русија, со својата агресија на просторот на поранешна СССР“.

Територијалниот интегритет на Косово е недопирлив и ќе го признаете порано или подоцна, му порача Пацоли на рускиот амбасадор.

Би можело да ве интересира

Пукање во Белград, повреденото момче не и кажува на полицијата кој го нападнал

Вработена во српското МВР издавала фалсификувани пасоши

Земјотрес во Крагуевац: „Добро се стресе“

Русите спречиле терористички напад: ФСБ уапси три лица

(ВИДЕО) Нова драма во Русија: Евакуиран трговски центар по дојава за експлозивна направа

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: 25 години од НАТО нападот на Србија

Катерина Ѓуровски