Пацоли се заканува со напуштање на Владата на Косово

Од:

Косовскиот прв заменик-премиер Беџет Пацоли се закани дека неговата Алијанса за иднината на Косово (АКР) ќе ја напушти Владата на Хашим Тачи, доколку не добие уште едно министерско место.

Според весникот „Зери“, Пацоли му упатил писмо на Тачи во кое го бара уште едно Министерство од економскиот сектор, нагласувајќи дека АКР повеќе не сака да биде „резервно тркало“ во Владата.

Како што јави дописникот на МИА, АКР ја разгледува можноста да ја напушти Владата, со цел на наредните избори да настапи како опозициска партија. Според извори во АКР, ваквиот чекор на Пацоли доаѓа откако Тачи не покажала интерес за прашањето за рекострукција на Владата.

Премиерот Тачи не беше многу заинтересиран за барањето на Пацоли за рекострукција на косовската Влада. Се чини дека приоритетите на Пацоли не се поклопуваат со они на Тачи, оценува приштински „Експрес“.

Весникот наведува дека иако Пацоли најави оти промените во Владата ќе се случат најдоцна до крајот на минатата недела, како што стојат работите тоа нема да се случи ниту оваа седмица.

– Во ваква ситуација на Пацоли му остана малку простор за маневрирање во Владата. Според извори на АКР, нивниот партиски лидер ја разгледува можноста да ја напушти владината коалиција, бидејќи премиерот Тачи никогаш не и земал предвид неговите барања, пишува Експрес.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски