Ова се генералот и снајперистот на авганистанската армија кои „паднаа“ кај Суботица: По нив се распишани меѓународни потерници

Од:

Работната група за борба против криумчарење луѓе и нерегуларна миграција  на подрачјето на Радановачка шума кај Суботица откри 109 нелегални мигранти, од кои 25 се лица од безбедносен интерес, против кои ќе бидат преземени мерки согласно законот.

Меѓу пронајдените мигранти, откриени се и две лица кои светската полиција ги бара за повеќе различни кривични дела.

Како што објави „Телеграф“, уапсени се генерал на авганистанската армија и снајперист по кои Франција распиша меѓународни потерници за најтешки злосторства и тероризам.

Станува збор за Абдул Басир Хасани, познат како капетан, инаку офицер на авганистанската армија и снајперист Меру Хамза, командант на единицата Барди 313 во Авганистан.

При акцијата полицијата извршила претрес на теренот и пронашла автоматска пушка и муниција, како и помала количина марихуана.

Би можело да ве интересира

Пронајден лав на пат во Суботица

Горан Наумовски

Престрелка во Суботица, едно лице е тешко повредено

Три цистерни со пропан се излизгаа во Суботица, пожарникарите на терен

А1он

Уапсен авганистански генерал кај Суботица, пронајдени и автоматски пушки

А1он