Ова е човекот кој беше застрелан во градниот кош од специјалците на „Росу“, а возилото изрешетано

Од:

Србинот Милан Д., околу 11 часот е тешко ранет кога пукале припадници на „Росу“. Тие отвориле оган врз возилото што го возел Милан на мостот Бистрица, на магистралниот пат Косовска Митровица-Лепосавиќ.

Во пределот на градниот кош е погоден Милан Д., кој има прострелна рана и е на интензивна нега но е во стабилна состојба во болницата во Краљево.

Неговиот совозач Душан С. е неповреден.

„Специјалците Росу на Курти немаат што да бараат на север на Косово, како и на овој пункт кој е диво изграден, а од кој секојдневно се вознемирува српскиот народ што поминува“, изјави Петар Петковиќ, директор на Канцеларијата за Косово и Метохија.

„Очигледно е дека Курти не се двоуми да дозволи да тече српска крв и тоа е единствената цел на постоењето на неговите ескадрони на северот на Косово“, заклучи Петковиќ.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски