Осумстотини кинески работници до април нема да се вратат во Црна Гора

Од:

Црногорските власти се договорија со кинеската компанија „Чајна роуд енд бриџ корпорејшн“, која ги гради црногорските автопатишта, околу 800 нејзини работници, кои претходно заминале во Кина, да останат во својата земја најмалку до април.

Оваа одлука црногорските власти ја донеле со цел да се избегне можноста за ширење на коронавирусот.

Според директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Бобан Мугоша, повеќето од работниците, кои се ангажирани во изградба на автопатиштата во Црна Гора, потекнуваат од провинцијата во која се наоѓа градот Вухан.

Осуммина кинески работници, кои допатуваа од Кина, се под надзор, а останатите нема да се вратат во Црна Гора најмалку до април. Тоа е договорено на состанокот со претставниците на “ЧРБК”, истакна Мугоша на прес-конференција во Подгорица.

Претходно во медиумите била објавена информација дека црногорските надлежни служби го отфрлиле сомнежот дека тројца кинески туристи, кои престојуваат во Црна Гора, се инфицирани со коронавирусот.

Туристите им пријавиле проблеми со дишењето на здравствените работници во Будва. Двајца од нив имале помали проблеми со респираторните патишта, додека третиот кинески државјанин имал малку повисока телесна температура.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора