Осуммина убиени и 13 ранети во судирите меѓу Курдите и турските безбедносни сили

Од:

Во општината Сур, во југоисточниот турски округ Дијарбекир, денеска е воведен полициски час, откако во судирите меѓу курдските бунтовници и турските сили за безбедност беа ранети седум турски полицајци, соопштија од канцеларијата на локалниот валија.

како што јавуваат британските медиуми, во градот Силван, исто така, во округот Дијарбекир, бунтовници на Курдската работничка партија (ПКК) со автомати и фрлачи на гранати ги нападнале турските сили за безбедност, при што загинал еден полицаец, а уште еден е ранет.

Локални жители информираат дека по судирот и во Силван е воведен полициски час.

Во близина на полициска позиција во округот Шарнак бунтовниците активирале автомобил бомба, при што убиле двајца полицајци и раниле други петмина.

Турската армија веднаш денеска презеде одмаздничка операција во реонот, поддржана од хеликоптери Кобра и Сикорски. Во неа се убиени петмина бунтовници од забранетата Курдска работничка партија (ПКК).

Од средината на јули турската армија изведе серија операции против ПКК на територијата на земјата и во северен Ирак.

Само во денешните судири на различни места низ Турција убиени се вкупно осум лица и ранети се уште 13.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Измир зафати куќи, подметнувачите се во притвор

Предраг Петровиќ