Оставки на словенечкиот министер за внатрешни работи и директорот на полицијата

Од:

Словенечката полиција остана без раководство откако оставки поднесоа министерот за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Причина за оставката на Хојс е претресот што полицијата го прави во домот на министерот за економија Здравко Почивалшек, за кого има сомнежи дека правел незаконски дејства при набавката на респиратори и заштитна опрема за потребите на словенечките болници.

Оставката која е неотповиклива Хојс веќе му ја испратил на премиерот Јанез Јанша за кого ова е прво повлекување на министер во неговата Влада.

Сега веќе поранешниот министер на социјалните мрежи ја објави оставката во која пишува дека претресот во домот на Почивалшек е незаконски и дека полицијата во некои сегменти е контролирана од, како што ја нарече „удбашко-партиска структура“.

Пред да биде избран за министер за внатрешни работи, во минатото Хојс беше и прв човек на телевизијата Нова24 ТВ, за која опозицијата обвинува дека е финансирани директно со „унгарски пари“ и дека е „партиска телевизија на премиерот Јанез Јанша“.

Инаку, полицијата денес прави претреси во 11 објекти меѓу кои и домот на министерот за економија во обид да се најдат докази за корупција при реализацијата на осум милионскиот тендер за набавка на медицинска опрема.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он