Оставка на црногорскиот шеф на дипломатијата

Од:

Милан Роќен, шефот на црногорската дипломатија си поднесе оставка на функцијата. Роќен го стори тоа, само неколку дена откако Црна Гора ги започна пристапните преговори за членство во Европската Унија.

„Сметам дека е вистински момент да заминам по сите надворешно-политичките успеси што Црна Гора ги оствари, особено сега кога се отворени пристапните преговори со Европската Унија и кога Црна Гора, по самитот во НАТО во Чикаго, практично е на прагот на алијансата”, изјави Роќен.

Прашан дали за својата одлука го информирал премиерот Игор Лукшиќ, Роќен за „Побједа” изјави дека неговата одлука за напуштање на државната функција многу брзо ќе влезе во службена процедура.

Роќен е прв министер за надворешни работи на Црна Гора по нејзиното осамостојување во 2006 година. Претходно тој беше главен политички советник на Мило Ѓукановиќ, додека тој ги обавуваше функциите премиер и претседател на државата.

Би можело да ве интересира

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски

Силен земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора