„Остануваме исправени“ – програма на СИРИЗА со економски мерки во вредност од 26 милијарди евра

Од:

Денеска со чувство на одговорност ги доставуваме нашите предлози за итни интервенции за по оваа криза да останеме исправени, а кога ќе излеземе од дома да не најдеме пуста земја, невработени, катанци на врата и распадната економија, рече лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, презентирајќи ја програмата на опозициската партија „Остануваме исправени“, јави дописничката на МИА од Атина.

Пакетот мерки за поддршка на економијата, како што објасни Ципрас, е во висина од 26 милијарди евра, за период од шест месеци, од кои 14 милијарди да бидат итни мерки, а останатите 12 милијарди за ликвидност на реалната економија.

Поддршка за здравствениот систем со дополнителни една милијарда евра и 4.000 нови вработувања; специјален додаток за социјална солидарност во вид на дивиденда од 1,5 милијарди евра за покривање на неосигураните работни места, хонорарните вработувања и сл; целосно покривање на платите, придонесите и бонусот за Велигден за вработените во приватниот сектор до крајот на мај; одложување на даночните обврски за шест месеци; замрзнување на долговите за заем и други банкарски обврски додека трае здравствената криза; програма за неповратна помош од три милијарди евра и средни претпријатија кои немаат пристап до банкарско кредитирање засновано на промет, се мерките што ги предлага најголемата грчка опозициска партија.

-Денес дилемата е една: Остануваме исправени со храбри мерки за поддршка на економијата сега или утре кога ќе заврши пандемијата, да ги гледаме остатоците и да се впуштиме во нови перипетии, национални перипетии, кои за жал сите неодамна ги доживеавме и знаеме колку се болни. На оваа дилема ние одговараме: Остануваме исправени со храбри мерки за поддршка на економијата сега, токму затоа што имаме можност да го сториме тоа, главно искористувајќи го нашето големо оружје, резервата што за итен случај ја создадовме од 37 милијарди евра и сега е итноста, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА објасни дека нивниот план се темели на три меѓусебно поврзани столбови: квалитет, квантитет и време на интервенциите.

Во однос на квантитетот рече дека во овој момент земјата на располагање има околу 20 милијарди евра од резервите во висина од 37 милијарди евра, од кои 16,5 милијарди се „се заклучени“ за отплата на долгот.

Квалитетот се однесува на задржување на висината на платите и работните односи онака како што беа како пред пандемијата и кризата.

Би можело да ве интересира

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди