Османи: Во Србија е убиен Борис Тадиќ

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на седницата на Советот на безбедност на Обединети Нации, изјави дека во Србија е убиен некогашниот претседател Борис Тадиќ.

На таа изјава реагираше шефот на делегацијата на Србија и министерот за надворешни работи Никола Селаковиќ.

Османи потоа се јави за збор и призна дека згрешила, односно дека мислела на Зоран Ѓинѓиќ.

„Мислев на претходниот претседател Зоран Ѓинѓиќ, него го убија криминални единици кои делуваа на Косово“, рече Османи.

Ѓинѓиќ кој беше премиер на Србија беше убиен во 2003 година, пред зградата на Владата.

“Господине Селаковиќ, независноста на Косово не оди никаде. Подобро да се соочите со реалноста, да видите мирна иднина, стабилност, каде што лидерите не зборуваат за војна. Луѓето многу страдаа поради вас. Трагедија се случува зад секој бегалец. Јас сама бев бегалка. „Под режимот на Милошевиќ, 80 проценти од луѓето мораа да ги напуштат своите домови“, му рече Вјоса Османи на Селаковиќ во одговорот.

Таа тврди дека според извештајот на „меѓународните институции“, процентот на меѓуетнички злосторства се намалил на 0,03 проценти, во периодот помеѓу 2017 и 2020 година.

Османи исто така рече дека косовската власт ќе го намали „тој број на нула“, бидејќи Србите на Косово, како што таа тврди, не се плашат од Приштина, „туку од паралелни, криминални структури“.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Земјотрес во Србија

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари