Османи: Влада на ЛДК и ВВ е историски момент што го побараа косовските граѓани на избори

Од:

Потпретседателката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) и носител на пратеничката листа на изборите од 6 октомври, Вјоса Османи изрази оптимизам дека нејзината партија ќе постигне договор со Движењето Самоопределување (ВВ) за формирање заедничка влада, нагласувајчи дека, како што рече, таа коалиција ја посакуваат мнозинството косовски граѓани.

По денешниот состанок на партиското раководство, свикан од лидерот на ЛДК Иса Мустафа, Османи изјави дека очекува партијата на Албин Курти, да го свика наредниот состанок за продолжување на преговорите.

– Состанокот треба да го свика Самоопределување како победник на изборите. Ние сме заинтересирани за долгорочна соработка. Оптимистка сум дека договор ќе се постигне и дека ќе биде избалансиран, изјави Османи.

Таа оцени дека коалицијата на двете досега опозициски партии, кои победија на вонредните парламентарни избори, е „историски момент“ за Косово и повика да престане „кампањата на линчови“ во процесот на меѓупартиските преговори.

– Ова е историски момент, затоа што граѓаните ја сакаат коалицијата ЛДК – ВВ. Средбите треба да се одвиваат со взаемна почит и кампањата на линчови мора да престане, изјави Османи.

ЛДК на изборите одржани пред речиси два месеци беше второрангирана партија со 24,5 отсто, односно околу еден процент помалку гласови од победничката ВВ на Курти, кој се очекува да го добие мандатот за формирање на новата влада.

Преговорите меѓу тимовите на двете партии беа прекинати во понеделникот, по што во медиумите се појавија шпекулации дека тие не можат да се договорат околу поделбата на владините ресори и за кандидатот за иден претседател на државата, кој треба да биде избран во 2011 година, кога му истекува мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Двете партии претходно јавно соопштија дека целосно ја хармонизирале програмата на идната влада и дека се договориле таа да има 12 министерства, но не ги обзнанија причините за временото прекинување на преговорите, и покрај тоа што, според најавите од двете страни, се очекуваше во понеделникот партиските лидери Курти и Мустафа да потпишат договор за соработка.

Би можело да ве интересира

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он

Во Брезовица загина поранешната скијачка Кетрин Ригби

Горан Наумовски