Османи не ги доби потребните гласови за претседател на Косово во првите два круга гласање, се оди на последниот круг

Од:

Ниеден од двајцата кандидати за претседател на Косово, Вјоса Османи и Насуф Бејта, не ги доби потребните две третини од гласови на републичките пратеници за да биде избран по првите два круга гласање во Собранието на Косово, што значи дека ќе треба да се одржи и последниот круг гласање, во кој ќе биде биде избран кандидатот кој ќе го добие простото мнозинство од 61 глас.

Обајцата кандидати за нов шеф на државата се предложени од редовите на владејачкото Движење самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти.

Во првиот круг гласаа 81 пратеник, Османи доби 69 гласа, Бејта нитту еден, а 12 гласачки ливчиња беа неважечки. Во вториот круг, во кој гласаа 82 пратеници Османи освои 67, Бејта 4 гласа, а 11 ливчиња беа неважечки.

Според Уставот на Косово, за да биде избран за претседател на државата, за еден кандидат треба да гласаат две третини, односно 80 од пратениците во 120-членото Собрание. Доколку во првите два круга ниеден од кандидатите не ги добие потребните гласови, во третиот круг се избира кандидатот што ќе освои 61 глас, но под услов да гласале најмалку 80 пратеници. Доколку и во третиот обид не се избере претседател на државата, Собранието се самораспушта и се закажуваат нови парламентарни избори, кои треба да се одржат во рок од 80 дена.

Кандидат на ВВ е Вјоса Османи, додека Бејта, според медиумите е пријавен формално, колку да се запази процедурата.

Денешната седница е продолжение на вчерашната, кога во првиот круг, во два обиди не беа обезбедени 80 гласа, односно гласаа 78 првиот пат и 79 вториот пат.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он