Осмaни и Курти ќе отпатуваат во Вашингтон за погребот на Олбрајт

Од:

Претседателката на Косово Вјоса Османи и премиерот Албин Курти идната недела ќе отпатуваат за Вашингтон, за да присуствуваат на погребната церемонија за поранешната државна секретарка на Соединтите Американски Држави, Медлин Олбрајт, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кабинетот на Османи соопшти дека таа на церемонијата ќе присуствува на покана на семејството на Олбрајт, а веста дека заедно со претседателката за Вашингтон ќе отпатува и Курти, во изјава за порталот „Газета експрес“ ја потврди владиниот портпарол, Прпарим Криезиу.

Погребот на Олбрајт, која почина на 23 март на 85-годишна возраст, ќе се одржи идната среда, на 27 април, во Националната катедрала во Вашингтон. Учеството на церемонијата е можно само со покани, а истата директно ќе се пренесува преку дигитални платформи.

Поранешната американска државна секретарка кај косовските Албанци ужива голема почит, како една од најзаслужните светски политичари за интервенцијата на НАТО против српските и југословенските сили во 1999 година, што подоцна, во 2008 година, резултира со прогласување на независна Република Косово.

По повод 20-годишнината од влезот на НАТО и протерувањето на српските сили од Косово, во јуни 2019 година на Олбрајт ѝ беше откриена биста во центарот на Приштина, а на свеченоста по тој повод таа присуствуваше лично, заедно со поранешниот американски претседател, Бил Клинтон.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Крвав напад со нож во САД, четворица мртви

САД воведоа санкции за ентитети кои наводно им помагале на Хутите и Хезболах

САД бара од Украина да ги запре нападите врз руските рафинерии

(ВИДЕО) Пресметка меѓу мигрантите и Националната гарда на Тексас кај Ел Пасо

ВИДЕО: Американската милјардерка која со Тесла излета во езеро и се удави била пијана

Малолетник убил девојче со 114 убоди од нож, сега му се заканува доживотен затвор

Горан Наумовски