Османи: Додека Косово им оддава почит на жртвите од геноцидот, ЕУ ја наградува Србија

Од:

Потпретседателката на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Вјоса Османи порача денеска дека додека Косово им оддава почит на жртвите од „геноцидните политики на српскиот режим“, Европската унија (ЕУ) ја наградува Србија со отворање на уште едно поглавје во процесот на евроинтеграциите.

Османи во објава на „Фејсбук“ напоменува дека отворањето ново поглавје на ЕУ во преговорите со Белград се случува токму на Светскиот ден на сеќавањето на жртвите од геноцидот.

– Додека ние се сеќаваме на сите тие што ги изгубивме, ЕУ токму денеска ја наградува Србија со отворање на уште едно поглавје во процесот на евроинтеграциите, напиша Османи.

Кандидатката на ЛДК за премиер на Косово на октомвриските парламентарни избори напоменува дека и по повеќе од две децении од последната војна, „српската држава продолжува да ги негира злосторствата“ и се обидува да ја фалсификува историјата.

– На меѓународниот ден на сеќавање на жртвите од геноцидот, се сеќаваме на сите оние кои го изгубија животот како резултат на геноцидните политики на српската држава, а посебно на децата убиени и масакрирани од тој режим. И по повеќе од две децении, српската држава продолжува со политиката на негирање на тие злосторства, не изразува жалење за невините жртви и се обидува да ја фалсификува историјата, и покрај тоа што српските злосторства се случија пред очите на целиот свет, напиша Османи.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Медиуми: Ќе биде сослушана и мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Орце Костов

Како убијците на Данка го признале делото: Возачот зборувал на влашки, соучесникот веднаш кажал што се случило