Ослободени членовите на екипажот на грчкиот танкер кои беа киднапирани во Того

Од:

Тројцата членови на екипажот на грчкиот танкер кои беа киднапирани на почетокот на ноември годинава во Того се ослободени, додека пак четвртото лице починало, соопштуваат од компанијата во чија сопственост е танкерот „Елка Аристотелис” што беше мета на вооружен напад.

Од компанијата денеска соопштија дека ослободените државјани на Грција, Филипини и Грузија се безбедни и во добра состојба, им бил извршен лекарски преглед и им се предадени на локалните власти за да се вратат во нивните земји, а биле контактирани и нивните семејства.

Четвртиот член на екипажот што беше киднапиран и е филипински државјанин, починал, поради болест.

На 4 ноември 2019, беше извршен вооружен напад врз танкерот под грчко знаме “Елка Аристотелис” што бил закотвен во главниот град на Того, Ломе и беа киднапирани четири од 24 членови на екипажот.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски