Ослободен словенечкиот министер за економија по целодневниот распит во полиција

Од:

Словенечата полиција синоќа го ослободи министерот за економија и потпретседател на Владата, Здравко Почивалшек, кој вчера беше приведен под сомнение дека го оштетил словенечкиот буџет при набавка на респиратори и друга медицинска опрема за време на епидемијата со новиот коронавирус.

Полицијата вчера изврши претреси во 11 објекти, меѓу кои и канцеларијата и домот на Почивалшек во обид да се најдат докази за корупција при реализацијата на осум милионскиот тендер за набавка на медицинска опрема.

Оставки поради случајот поднесоа словенечкиот министер за внатрешни работи Алеш Хојс и директорот на полицијата Антон Травнер, додека премиерот Јанез Јанша истрагата ја оцени како политички мотивирана со цел да се собори актуелната Влада.

Почивалшек е лидер на коалициската Партија на модерниот центар, втора најголема партија во словенечката Влада, без која владејачката коалиција би немала парламентарно мнозинство.

Словенечките опозициски партии истакнаа дка постапката против Почивалшек е добра причина за нови избори или гласање на доверба на Владата.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он