Организацијата на ветерани на ОВК очекува апсење на нејзини припадници осомничени за воени злосторства

Од:

Потпретседателот на Организацијата на воени ветерани (ОВЛ) од војната во Косово во 1998-99 година, Насим Харадинај тврди дека првите апсења на поранешни припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), за кои се покренати истраги од страна на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, се очекуваат во текот на оваа или наредната недела.

Харадинај во интервју за приштинската телевизија Т7 рече дека информацијата за скорешните апсења ја добил од адвокати со кои ОВЛ соработува, а кои работат во структурите на Специјалниот суд.

– Според адвокатите со кои соработуваме, се очекуваат апсења оваа или во текот на идната недела. Ако не овие седмици, сигурно во текот на наредните месец дена, изјави Харадинај.

Специјалниот суд со седиште во Хаг, познат во косовската јавност како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии. Формалната работа оваа меѓународна правна институција ја започна на 14 јануари годинава, со испитувањето на еден од поранешните команданти на ОВК.

Покана да се јават пред Обвинителството, во својство на осомничени или сведоци за злосторства против цивилното албанско и српско население во Косово за време и по последната војна со Србија, според досегашните информации, имаат добиено неколку десетици, според косовските медиуми и повеќе од 100, поранешни команданти или други припадници на ОВК.

Истрагите, како што е најавено, се сконцентрирани на претпоставени злосторства во периодот од јануари 1998 до декември 2000 година.

Првите обвиненија, според приштинските медиуми, се очекува да бидат подигнати до крајот на оваа година.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски

Вучиќ за Косово: На сите во лице им кажав што нема да исполниме од Охридскиот договор

Горан Наумовски

Косово одбележува 16 години од независноста

А1он