Организација на грчкото малцинство во Албанија ја обвинува Тирана за непочитување на правата на Грците

Од:

Организацијата на грчкото етничко малцинство во Албанија, „Омонија“ ја обвини Владата во Тирана дека не ги почитува преземените предизборни и постизборни обврски и дека продолжува да ги крши човековите права на Грците во земјата и да ги занемарува нивните барања.

Како што јави агенцијата АНА-МПА, во својата порака, организацијата „Омонија“ и препорачува на партијата на грчкото малцинство, Унијата за човекови права, која е дел од владината коалиција, да преземе иницијативи за сите прашања поврзани со обврските на Владата околу почитувањето на човековите права, како и во оставрување на барањата на Грците поврзани со државната управа, образованието и имотните прашања.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени

Касами: Ќе работиме на решавање на билатералниот проблем со источниот сосед, за да го фатиме чекорот со Албанија кон ЕУ

Предраг Петровиќ

Албанија на 15 октомври ќе ги започне преговорите со ЕУ по Кластерот 1

„Еурактив“: Албанија на 15 октомври ги отвора преговорите со ЕУ по поглавја

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски