Опозициските демократи ќе ги бојкотираат и попречуваат локалните избори во Албанија

Од:

Националниот совет на албанската опозициска Демократска партија (ПД) попладнево едногласно ги поддржа одлуките на партиското Претседателство за бојкот на локалните избори во Албанија, предвидени за 30 јуни.

Претходно, на предлог на партискиот лидер Љуљзим Баша, Претседателство на ПД донесе одлука партија да ги бојкотира локалните избори и да не дозволи нивно спроведување. Партијата реши дека учествува на избори, дури откако ќе се создадат услови за гарантирање на изборните стандарди.

Освен одлуката да не учествува на изборите, Демократската партија одлучила и да не дозволи одржување на „фасада избори“, но начините и средствата за постигнување на ова цел остануваат нејасни.

– Демократската партија на Албанија е посветена на одбраната на демократијата и на правото на слободно гласање, но исто така нема да дозволи никаква изборна фарса, туку само слободни избори. Преку активностите на опозицијата и граѓаните треба да се спречи одржувањето на фасада избори, диктирани од организираниот криминал и валканите пари, што ја уништуваат демократијата и волјата на албанските граѓани , се наведува во партиското соопштение.

Партијата, исто така, одлучила дека ќе учествува во некој изборен процес, дури откако ќе бидат создадени услови за слободни и фер избори.

– Длабоката политичка криза во земјата, не овозможува демократски стандарди за слободни и фер избори. Докажано е дека Владата на (албанскиот премиер) Еди Рама соработувала со организираниот криминал за купување гласови, стои во соопштението.

ПД ги овластила лидерот Баша и Газменд Дарди да разговараат со другите опозициски партии за постигнување политички договор, чија цел ќе биде слободни и фер избори, што би ги спровела преодна влада.

Би можело да ве интересира

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески

Сиљановска-Давкова: Жените беа мојата инспирација, нема да се однесуваме ние како мажите низ историјата

Орце Костов

Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа, волјата на граѓаните е јасна и треба да се почитува