OОН се закани дека ќе ги прекине разговорите за Кипар

Од:

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш се закани дека ќе се повлече од преговорите за Кипар поради острите разлики меѓу двете страни, јави ДПА, повикувајќи се на извори во владата на кипарските Грци.

Извори од страна на кипарските Турци исто така потврдиле за агенцијата дека преговорите се многу тешки. Гутереш вчера започна неформален состанок за кипарското прашање со учество на кипарскиот претседател Никос Анастасијадис, лидерот на кипарските Турци Ерсин Татар и министрите за надворешни работи на земјите гаранти на Кипар (Грција, Турција и Велика Британија).

Генералниот секретар на ООН сака да ја процени можноста за свикување нова конференција за повторно обединување на Кипар по безброј неуспешни преговори за статусот на островот, кој е поделен речиси 50 години, забележува ДПА.

Кипарско-грчката страна поддржува создавање на федерација на две држави со силна централна влада. Оваа идеја е поддржана и од сите резолуции на ООН за кипарскиот проблем.

Кипарската турска страна се залага за решение со две независни држави. Новиот претседател на Турската Република Северен Кипар, признат само од Турција, Ерсин Татар, инсистира на тоа дека мора да се најде решение врз основа на две одделни држави и соработка заснована на суверена еднаквост.

Кипар е поделен од 1974 година, кога нејзиниот северен дел беше окупиран од Турција, како одговор на националистичкиот пуч, насочен кон припојување на островот кон Грција. Во 1983 година беше прогласена т.н. Турска Република Северен Кипар, признаена само од Анкара.

Кипар стана членка на ЕУ во 2004 година, но европското право важи само во јужниот дел на островот до неговото евентуално обединување, потсетува ДПА.

Би можело да ве интересира

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Ковачевски: Македонија гласаше воздржано затоа што нападот на Хамас не беше спомнат во Резолуцијата

Орце Костов

Пресврт во истрагата за случајот со загинатиот Србин на Кипар

Србин загина на пешачки премин во Кипар, возачот не го видел пешакот

Горан Наумовски