Омикрон идентификуван и во Црна Гора

Од:

Првиот случај на Омикрон сојот на коронавирусот во Црна Гора е откриен во едно семејство, чиј член неодамна допатувал од Јоханесбург, соопшти денеска црногорскиот Институт за јавно здравје.

– Сите контакти се во изолација. Сите членови на семејството се во добро состојба со благи симптоми, се наведува во соопштението.

Жената заразена со новиот сој Омикрон пристигнала во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември, а на летот за Франкфурт била во авион со лице со потврден омикрон вирус. Таа не е вакцинирана против Ковид-19.

Во Црна Гора од почетокот на пандемијата се заразиле 158.283 луѓе и регистрирани се 2.324 смртни случаи.

Би можело да ве интересира

Нов земјотрес e регистриран во Црна Гора

Нов земјотрес ја погоди Црна Гора

Нов земјотрес во Црна Гора

Нов земјотрес во близина на Никшиќ

ВИДЕО: Први снимки од земјотресот во Црна Гора

30 последовни земјотреси регистрирани по главниот удар во Црна Гора

Катерина Ѓуровски