Официјална Тирана: Нема преодна влада – ставот на европарламентарците е јасен

Од:

Портпаролката на албанската Влада и актуелен државен министер за односи со Парламентот, Елиса Спиропали оцени дека делегацијата на Европскиот парламент јасно кажала дека нема преодна влада.

Ставот на европарламентарците, според неа, значи отфрлање на тврдењата на опозицијата во врска со легитимноста на изборите и Парламентот.

– Парламентот и Владата се легитимни, избрани со гласање, а проблематиката на изборите тие не ја доведоа во прашање. Нивниот став беше јасен, нема преодна влада. Прислушувањата се надлежност на судовите, изјави Спиропали.

Таа се задржа и на реакциите на опозицијата околу ставот на европратеницте,споредувајќи ги нив со нападите кои му се правени на Западот во периодот на комунистичката диктатура.

– Според опозицијата, пријателите на Албанците се политички туристи со замаглени очи. Албанците не заслужуваат опозицијата да се однесува така со меѓународните претставници, како да е организација на Партијата на трудот на Албанија, во некое заборавено село, рече Спиропали.

Вториот човек во социјалистичката партија Таулант Бала истакна дека станува збор за повторено сценарио кое го содржи потписот на Сали Бериша.

Владејачкото мнозинство го повтори ставот искажан од социјалистичкиот лидер и актуелен премиер Еди Рама дека „раката за дијалог е подадена, со надеж дека другата страна ќе сфати дека и штети на земјата“.

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

ВИДЕО: Еди Рама оттурна новинарка оти не му се допадна прашањето