Официјална Тирана ја честиташе 12-годишната независност на Косово

Од:

Албанскиот државен врв ја честиташа 12-годишнината од независноста на Косово

Во свое и од име на граѓаните на Албанија,честитка упати шефот на државата Илир Мета, наведувајќи притоа дека Косово веќе влегло во својата втора деценија како независна и суверена држава, со уште пожива и подинамична демократија.

„Оваа нова фаза на консолидација на државата Косово, сигурен сум, ќе биде проследена со нов поттик во братските односи и соработката меѓу нас, следејќи ги најдобрите национални и европски вредности. Посакувам пред воопшто нелесните предизвици во Косово да владее единство околу стратешката цел за европска и евро-атланска интеграција, како и натамошно признавање на меѓународната сцена, стои меѓу другото во честитката.

Додава дека ќе продолжи да биде до Косово на „ова патување што бара посветеност и напорна работа на сите косовски институции“.

„Во исто време, убеден сум дека едногласното претставување на Косово и координацијата со неговите стратешки партнери ќе овозможат успешно финализирање на дијалогот со Србија за нормализирање на односите меѓу двете земји преку договор за признавање на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово,наведува Мета.

И албанскиот премиер Еди Рама преку социјалните мрежи ја честиташе 12-годишнината од независноста на Косово.

„Честит благословениот ден на независноста на Косово на сите Албанци каде и да се и вечен да биде споменот за оние кои ги положија своите животи за овој ден“, напиша Рама, кој постира видео со косовската химна.

Со текстуално многу подолга честитка 12-годишнината од независноста на Косово, ја честита и лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, наведувајќи дека и ако ДП дојде на власт „Косово и заедничкиот стремеж за интеграција ќе биде голема мисија“.

„Денес на чело на опозицијата и утре на чело на Владата, Косово и нашиот заеднички стремеж кон интеграција ќе бидат нашата голема мисија. Драги браќа и сестри на Косово, на вториот најважен ден од нашата национална историја, од срце Ви ја честитам 12-годишната независност. Ние ќе бидеме заедно на ова патување, затоа уште посилни и појасни од кога било за нашата сегашност и нашата иднина. Среќно Косово!“ напиша Баша.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви