Официјална Анкара: Турција нема да решава нов бегалски бран по излегувањето на САД од Авганистан

Од:

Турција нема намера да ги преземе обврските на другите земји и да прифати нов бран мигранти по ескалацијата на ситуацијата во Авганистан. Тоа се нагласува во официјалното соопштение на Министерството за надворешни работи.

Во соопштрнието од турското МНР се наведува зачуденост од изјавата на австрискиот канцелар Себастијан Курц за тоа дека Турција е многу подобро место за авганистанските бегалци отколку Европа. Во соопштението се вели дека Турција не е соседна земја на Авганистан, како што рече Курц.

„Наместо да се потенцираат заедничките напори и соработка за решавање на проблемот со илегалната миграција, кој влијае на целиот свет и е заедничко прашање за сите, ставот дека – мигрантите не треба да доаѓаат тука, туку да одат на друго место – е себичен и не помага“, се додава во реакцијата.

Нагласувајќи дека „Турција нема да прифати нов бран мигранти“, во соопштението се вели: „Овој став им го пренесуваме на нашите соговорници во секоја пригода и на секое ниво, нагласувајќи дека Турција нема да биде граничен чувар или бегалски камп на ЕУ“, пренесува Анадолија.

На 14 април, американскиот претседател Џо Бајден ја објави својата одлука за прекинување на операцијата во Авганистан, што беше најдолга прекуокеанска воена кампања во историјата на САД. Наспроти ова, ситуацијата во Авганистан се влошува, со тоа што талибанците ја засилуваат својата офанзива во повеќе насоки, а бројот на бегалци од оваа земја секојдневно се зголемува.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Сите треба да ве убијат, да имав оружје сега ќе ве убиев“ – Србин нападна мигранти во автобус

Ердоган: Работев добро со Буш, Обама и Трамп, но не и со Бајден

Ана Ололовска

Ердоган: Сегашната насока во односите со САД не ветува

А1он

Во Липково откриени 52 илегални мигранти од африкански и азиски земји

А1он

Турски лекар тврди дека вакцини против Ковид-19 ненамерно им биле аплицирани на бебиња во Турција

А1он

Оставка поднесе американскиот специјален пратеник за Хаити поради протерувањето мигранти

А1он