Одржана Парадата на гордоста во Приштина

Од:

Под мотото „За кого ти бие срцето“, денеска во главниот град на Косово е одржана третата Парада на гордоста, на која учествуваа неколку стотици припадници на ЛГБТИ заедницата, нејзини поддржувачи и активисти на граѓанското општество.

Ленд Мустафа, еден од организаторите на парадата, изјави дека преку оваа манифестација уште еднаш се бараат основните права на заедницата, кои се гарантирани и со Уставот, но не се соодветно дефинирани со законите.

На годинешната парада учествуваа и американскиот амбасадор во Косово Филип Коснет, градоначалникот на Приштина Шпенд Ахмети, како и гости и поддржувачи на ЛГБТИ заедницата од Македонија, Србија и Албанија. Меѓу учесниците беше и истакнатиот активист за правата на оваа заедница од Тетово, Беким Асани.

Парадата беше обезбедувана од косовската полиција и, како и манифестациите од минатата и предминатата година, помина без ниту еден инцидент.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски