Одложена посетата на Фон дер Лајен на Подгорица

Од:

Посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Црна Гора е одложена бидејќи нејзиниот авион не можел да полета од аеродромот во Белград поради магла.

Фон дер Лајен вчера беше во посета на Босна и Херцеговина и Србија, а денеска требаше да ја посети Црна Гора, како дел од регионалната турнеја низ Западен Балкан.

Во Црна Гора таа требаше да се сретне со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ и со премиерот Дритан Абазовиќ.

„Денешната посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на Црна Гора за жал ќе мора да се одложи за друг датум бидејќи поради временските услови авионот на делегацијата не може да полета од аеродромот во Белград. Посетата ќе биде организиран на нов датум што ќе биде меѓусебно договорен“, соопштија од делегацијата на ЕУ во Подгорица.

Црна Гора ќе добие финансиска поддршка од Европската унија за надминување на очекуваната енергетска криза, а тоа беше главната причина за посетата на Фон дер Лајен.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Потврдена кандидатурата на Андрија Мандиќ за претседателските избори во Црна Гора

Ана Ололовска

Ѓукановиќ: Црна Гора ја поддржува амбицијата на Косово да добие кандидатски статус

Ана Ололовска

Мандиќ, Спајиќ и Вуксиќ засега се пријавени за претседателските избори во Црна Гора

Ана Ололовска

Лидерот на „Движењето Европа сега“ кандидат на претстојните претседателски избори во Црна Гора

Црна Гора покренува вселенска програма: „Знам дека ова ќе предизвика потсмев“

Во Хрватска пронајдено телото на момчето од Црна Гора кое брановите го одвлекоа во морето

А1он