Од Западен Балкан лани во земјите од ЕУ заминале 228.000 лица

Од:

Од земјите на Западен Балкан во ЕУ само минатата година се доселиле 228.000 жители, покажуваат најновите податоци на Еуростат.

Од Србија во ЕУ заминале 51.000 лица, а, сепак, најмногу заминале од Албанија – 62.000 и од БиХ – 53.000, пренесува подгоричкиот весник „Вијести“.

Од Косово лани се иселиле 34.500 лица, од Северна Македонија 24.300 и од Црна Гора 3.000 жители.

Од Албанија најмногу заминуваат за Италија – 23.000, во Грција – 17.000 и Германија 10.000. Од БиХ најмногу се иселуваат во Германија -16.000, Словенија и Хрватска.

Од Косово, што во овој документ е наведена како територија на ОН според резолуцијата 1244 на Советот за безбедност, лани најмногу луѓе заминале за Германија, речиси 19.000, што е повеќе од половината, а потоа следат Словенија и Италија.

Од Северна Македонија лани најмногу се отселиле во Германија – 11. 500, а потоа следат Италија и Словенија.

Би можело да ве интересира

Ахмети: Александар Дугин, главата на руските политики има партија во Македонија

Нови промени за сообраќајните казни во ЕУ: Никој веќе нема да може да ги избегне

ЕУ постигна привремена спогодба за нови правила за трговија со огнено оружје

СДСМ: ЕУ е единствен патоказ за подобра македонска иднина

А1он

Усвоена заедничка изјава на лидерите на Западен Балкан на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција на Западен Балкан”

Џафери на Конференцијата во Тирана: Планот за раст и Заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ