Од утре Словенците ќе можат да избираат вакцина со која ќе се имунизираат

Од:

Словенците од утре ќе можат да изберат со која вакцина против Ковид-19 ќе се вакцинираат.

– Имаме доволно вакцини и веќе од понеделник, ќе може да се избира вакцина, изјави синоќа словенечкиот премиер Јанез Јанша во говорот на конгресот на неговата Словенечка демократска партија.

– Клучната цел е да се постигне таква стапка на вакцинација што ќе обезбеди имунитет и нормален живот не само во лето, туку и во есен, рече Јанша, повикувајќи ги граѓаните да се вакцинираат во што поголем број.

Во Словенија, се користат вакцините на Модерна и Фајзер, како и Астра Зенека и Џонсон и Џонсон.

Според официјалните податоци, 28,2 проценти од населението во Словенија досега биле вакцинирани со дозите потребни за целосна имунизација, а 797.861 само со прва доза.

Би можело да ве интересира

Новиот сој корона поради кој се враќаат маските е потврден во Словенија, се шири како молња

Словенија укинува речиси сите антиковид мерки

Рекордни бројки на заразени со Ковид-19 во Романија, Хрватска и Словенија

Катерина Ѓуровски

Во Словенија повторно над 10.000 заразени, врвот на бранот се очекува на почетокот на февруари

Во Словенија речиси 60 посто од тестовите за Ковид-19 се позитивни

Катерина Ѓуровски

Рекорд од почетокот на пандемијата: Во Словенија 5.163 новозаразени во еден ден

Катерина Ѓуровски