Од Србија никогаш не доаѓале толку отровни стрели, вели црногорскиот премиер Кривокапиќ

Од:

Црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ изјави дека во историјата на Црна Гора не е забележано за толку краток временски период „некој да испраќа толку отровни стрели до премиерот, претседателот на Собранието, како сега од Србија и дека на тој начин се обидуваат да ги прогласат за предавници“.

– Одговарајќи на слично прашање, го цитирав Марко Миљанов, што беше оценето дека е недипломатски. Миљанов рече „ако ве нападнат, не одговарајте, бидејќи ако имаат образ, ќе се срамат од тоа што го прават“, рече Кривокапиќ пред пратениците.

Тој додаде дека сака добрососедски односи со Србија.

– Што се однесува до нас, тоа го сторивме. Соработувавме на ниво на министри и буквално нема министер што не ја посетил Србија, освен премиерот, рече Кривокапиќ, додавајќи дека Црна Гора, а не Белград, е татковината на Србите кои живеат во Црна Гора.

Кривокапиќ рече дека големиот број туристи од Србија во Црна Гора е показател дека заострувањето на политичките односи нема да влијае на секојдневниот живот на граѓаните на двете земји.

Демократскиот фронт (ДФ), најсилниот сојуз на владејачкото мнозинство, бара оставка од премиерот Кривокапиќ, а во претходните денови, лидерите на тој сојуз и Кривокапиќ разменија сериозни обвинувања.

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Србија

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски