Од сезонски грип во Грција починале 83 лица

Од:

Во периодот од 24 февруари до 1 март 2020, шест лица го загубиле животот во Грција од сезонски грип, со што бројката на смртни случаи од почетокот на сезоната, односно од крајот на септември минатата година до почетокот на месецов, се искачи на 83, според податоците од грчката Национална организација за јавно здравје, јави дописничката на МИА од Атина.

Од починатите 83 лица, 48 се мажи, 35 жени на возраст од 4 до 91 година, а 77 лица односно 92,8 отсто припаѓаат на високо ризична група за која се препорачува вакцинирање од грип.

За една седмица, четири лица биле примени в болница, со што бројот на хоспитализирани на интензивна нега од почетокот на сезоната достигна 213 лица.

Би можело да ве интересира

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Се урна грчки борбен авион, пилотот е спасен

Намалување на бројот на заболени од грип

Свештеникот од Солун е осомничен дека ги оштетил верниците за повеќе од еден милион евра

30.000 луѓе на улиците во Грција на годишнината од страшната железничка несреќа, избувна нереди