Од Самос во Атина пренесени околу 700 бегалци и мигранти

Од:

Од грчкиот остров Самос, што се соочува со сериозни проблеми поради прекумерниот број бегалци и мигранти, утрово на едно од атинските пристаништа беа пренесени околу 700 баратели на азил, јави дописничката на МИА од Атина.

Поголемиот број од овие 693 лица се семејства со деца, а дополнително, од Атина, со автобуси ќе бидат распределени во прифатни центри во северна Грција.

На островот Самос, според официјалните податоци од грчката влада, заклучно со неделата 20 октомври 2019 година, имало 6.217 лица, од кои 5.968 во центарот за прием и регистрација што е со капацитет од 648 места.

Паралелно со оние од Самос, во Атина, утрово беа пристигнаа и 156 баратели на азил што биле сместени на островот Лезбос, а ќе бидат пренесени во бегалски кампови.

Би можело да ве интересира

Анкета: Мнозинството Грци се согласуваат со владината политика за забрана на пушењето и укинување на студентскиот имунитет

Ана Ололовска

Дендиас: Не знам дали можеме да ја смениме француската политика, но ќе се обидеме

Ана Ололовска

За еден ден во Грција спасени 260 бегалци и мигранти и уапсени 6 криумчари

Ана Ололовска

Грција предупредува за нова мигрантска криза

Ана Ололовска

Градоначалникот на источен Самос подготвен да поднесе оставка ако грчката влада не отстапи од планот за бегалците и мигрантите

Пронајдени 33 мигранти во струмичкото село Свидовица

Ана Ололовска