Од сабота дозволено двојно повеќе верници во црквите во Грција

Од:

Црквите во Грција, како и сите останати религиозни објекти во земјата, од сабота ќе функционираат со дополнително ублажени мерки, односно ќе биде дозволено да примаат двојно повеќе верници, согласно новата министерска одлука што е во сила од 6 јуни до 9 јули 2020 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Наместо досегашното правило едно лице на десет метри квадратни, дозволено ќе биде едно лице на пет метри квадратни, односно доколку црквата е со површина од над 500 метри квадратни, во внатрешниот дел ќе може да влезат 100 лица (наместо 50 досега).

Правилата за држење растојание од еден и пол метар, за контролирано влегување, за природно проветрување на просторот, за користење антисептик на влезовите, како и препорака за носење маска, остануваат непроменети.

Истите правила важат и за манастирите и останатите религиозни објекти во Грција.

Со укинување на забраната за движење на граѓаните, од 4 мај годинава, црквите и останатите религиозни објекти во Грција, беа отворени, но само за индивидуални молитви, додека пак од 17 мај дозволени се и литургии со присуство на верници.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски