Од октомври почнува производство на кинеската вакцина против Ковид-19 во Србија

Од:

Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, објави дека производството на кинеската вакцина против коронавирусот ќе почне во Србија во октомври, и дека компанијата Хемофарм се очекува да произведе околу шест милиони дози до крајот на годината, јави Бета.

Лончар на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде го пречека првиот контингент на суровини за производство на кинеската вакцина, рече дека на 9 септември ќе биде поставен камен -темелник за изградба на фабрика што ќе ја произведува таа вакцина.

– Крајниот рок за завршување на изградбата на фабриката е првиот квартал од следната година и ќе се произведуваат околу три милиони дози месечно, изјави српскиот министер.

Тој додаде дека „пробното“ производство ќе трае до октомври, а потоа ќе почне „редовното“ производство на вакцината.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов