Од Грција во Германија заминуваат 175 бегалци за спојување со семејствата

Од:

Група од 175 лица, меѓу кои 85 деца бегалци без придружба и 90 семејства со деца, од грчките острови денеска заминуваат во Германија каде ќе се сретнат со семејствата, јави дописничката на МИА од Атина.

Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос, како што соопштија од Министерството, вели дека денешното заминување на 175-те баратели на азил и нивното соединување со семејствата кои живеат во Германија, придонесува за „постепено, континуирано и суштинско намалување на бројот на лица кои престојуваат на островите“.

– Соработката со германската Влада носи конкретни резултати. Резултати од тесната и функционална соработка, рече Кумуцакос.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Дводневен штрајк на царинските служби во Грција

Орце Костов

По силниот земјотрес во Грција, тлото продолжува да се тресе

Два силни земјотреси ја погодија Грција

Горан Наумовски

Тело на мртов маж најдено во Јанина, околу главата и нозете му биле врзани вреќи со ѓубре

Горан Наумовски