Од денеска во Србија патарините поскапуваат за 1,8 отсто

Од:

Според одлуката на Владата на Србија, од денеска патарините за сите категории возила поскапуваат за 1,8 отсто, што е зголемување во согласност со растот на инфлацијата.

Возачите на автомобили ќе плаќаат за 10 до 30 динари поскапа патарина, додека за камионите зголемувањето е меѓу 50 и 160 динари, во зависност од релацијата што ја минуваат.

За делницата Белград-Прешево се плаќаат 750 (АI категорија возила), 1.490 (I категорија возила), 2.230 (II категорија возила), 4.460 (III категорија возила) и 8.910 динари (IV категорија возила);

За делницата Белград-Димитровград, цените се: 660 (IA категорија возила), 1.310 (I категорија возила), 1.960 (II категорија возила), 3.930 (III категорија возила) и 7.860 (IV категорија возила) ;

За делницата Прешево-Димитровград се наплатуваат 520 (категорија IA возило), 1.040 (категорија I возило), 1.560 (II категорија возила), 3.100 (III категорија возила) и 6220 динари (IV категорија возила).

Во зависност од категоријата, за делницата Белград-Шид износите во динари се: 210 (категорија возило IA), 420 (категорија возило I), 650 (категорија возило II), 1.290 (категорија возило III) и 2.580 (категорија возило IV).

Нови цени на релацијата Белград-Суботица се: 320 (IA категорија возила), 640 (I категорија возила), 960 (II категорија возила), 1.900 (III категорија возила) и 3.810 динари (IV категорија возила).

Денешниот среден курс на динарот во однос на еврото според Народната банка на Србија изнесува 1 EUR = 117.58 динари.

Би можело да ве интересира

Земјотрес кај Чачак

Австриските власти го екстрадираат во Србија осомничениот за убиството на Нусрет Дестановиќ

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Османи: Македонија е коспонзор на Резолуцијата за Сребреница, важно е Србија да гласа дека имало геноцид

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов