Од денеска почнува со работа вториот канал на Радио-телевизија Косово кој ќе емитува програма на српски јазик, јави Анадолија.
Вториот канал на косовсиот јавен радиодифузен сервис во почетокот ќе емитува програма шест часа на ден и тоа во вечерните часови, додека од на есен се предвидува проширување на програмата.
Заменик-генералниот директор на РТК, Анамари Репиќ вели дека покрај неколкуте локални приватни телевизии, косовските Срби сега добиваат и јавен телевизиски серивис.
– (На Србите) им требаше јавен косовски сервис кој ќе се занимава со нивниот живот во Косово, за да се разговара за нивните пробелеми и очекувања, нагласи Репиќ.
На фреквенцијата на РТК2 покрај програма на српски јазик, ќе бидат емитувани и емисии на бошњачки, турски и ромсли јазик.