Од членството во ЕУ, Хрватска е во плус 1,9 милијарди евра

Од:

Во Хрватска, во моментов, над 80 отсто од сите јавни инвестиции и 8.306 приватни фирми се финансираат со неповратни средства од фондовите на Европската унија, соопшти хрватското Министерство за регионален развој и фондови на ЕУ.

Од влезот на земјата во ЕУ, Хрватска во заедничкиот буџет на Унијата уплатила 2,65 милијарди евра. Во истиот период Хрватска примила 4,6 милијарди евра, со што остварила плус од 1,94 милијарди евра, пренесува „Вечерњи лист“.

Кога станува збор за користењето на фондовите на ЕУ, на Хрватска и се на располагање вкупно 10,7 милијарди евра, а во овој момент се договорени 66 отсто алокации, распишани се 85 отсто од огласите, додека на корисниците им се исплатени 21 отсто од доделените средства.

Би можело да ве интересира

Германските медиуми за изборите во Хрватска: Најверојатно ќе започне фаза на нестабилност

Отворени избирачки места на парламентарните избори во Хрватска

Невреме ја зафати Хрватска, метеоролошкиот аларм е на сила за целата земја

Горан Наумовски

Вучиќ: Недозволиво, ќе го гониме напаѓачите на хрватските новинари

Во Панчево нападнати четворица Хрвати и двајца Срби кои ги бранеле

Катерина Ѓуровски

Хрватска танцува за поддршка на евровизискиот претставник, Бејби Лазања

А1он