Од Атина за Париз заминаа 11 деца бегалци без придружба

Од:

Група од 11 деца, десет момчиња од Авганистан и еден девојче од Ирак сите бегалци без придружба, денеска од Атина заминаа за Париз, во рамките на програмата на грчката Влада за релокација на деца бегалци, јави дописничката на МИА од Атина.

На атинскиот аеродром, децата ги испратија заменик- министерката за миграција и азил на Грција Софиа Вултепси и надлежната за заштита на децата бегалци без придружба Ирини Агапидаки.

Од Министерството за миграција и азил на Грција соопштуваат дека досега 1.006 деца, безбедно биле релоцирани во европски земји, мнозинството од нив се од Авганистан, а потоа следат Сирија, Пакистан, Конго и Египет, 80 отсто се на возраст од 15 до 17 години, а само еден процент до пет години.

Додаваат дека ќе продолжат со напорите за релокација на уште 549 деца бегалци без придружба, коишто се во Грција.

Би можело да ве интересира

Експлодира бомба во центарот на Атина, оштетена зградата на Министерството за труд

Грчки дипломатски извори: Македонија имаше доволно време за замена на пасошите, нема барање за продолжување на рокот

Маж убиен со повеќе од 10 куршуми среде ноќ во Атина

Во Атина: Го убил помалиот брат по расправија за облека

ВИДЕО: Албанец застрелал тројца пред клуб во Атина

Катерина Ѓуровски

Насилство во Атина: Ја тепал, силувал и ја ограбил партнерката, жената сакала да се убие

Горан Наумовски