Обвинителство на БиХ: Поднесено обвинение за финансирање терористички активности

Од:

Обвинителите во Босна и Херцеговина денеска ја обвинија 61-годишната Сена Хамзабеговиќ за финансирање на терористичката група Исламска држава со околу 120 илјади евра, при што и лично им носела пари за борците во Сирија.

Таа обезбедила финансиска помош за државјани на БиХ кои заминале да војуваат во Сирија и Ирак во редовите на исламистичките терористи, соопштија обвинителите.

Истрагата утврди дека од 2013 до 2018 година, таа уплаќала преку банка и лично носела пари во Сирија, каде што ги предалвала на нејзиниот сопруг Мурадиф Хамзабеговиќ, кој ги искористил овие средства за да им плати на припадниците на ИД со потекло од БиХ и да им купи оружје.

Станува збор за лица кои се бореле за организациите на Џабет ал Нусра и фронтот Ал Нусра поврзани со Исламската држава. Тие учествуваа во вооружени терористички акции, напади врз населението, убиства и незаконски приведувања.

Хамзабеговиќ, која има и швајцарско државјанство, беше уапсена во мај на аеродромот во Тузла и е во притвор.

Би можело да ве интересира

Во БиХ е пронајдено девојче од Германија, жртва на трговија со луѓе

Земјотрес во БиХ, епицентарот во околината на Мостар: „Добро се стресе!“

Извлечени тела на жена и дете од коритото на Миљацка во Сараево

Горан Наумовски

Брисел и даде „зелено светло“ на БиХ за отворање на преговорите за пристапување во ЕУ

Горан Наумовски

По Црна Гора, земјотресот ја погоди и Босна и Херцеговина

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина