Шефот на мисијата на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во Косово Жан Клод Шлумберже ги повика косовските институции да гарантираат поголема слобода на медиумите.
По повод Светскиот ден на слободата на медиумите – 3 мај, Шлумберже ги повика медиумите и цивилното општество во Косово да бидат поупорни во заштитата на слободата на изразувањето, напоменувајќи дека во земјата има новинари, подложени на притисок и тортура.
Тој ги осуди заканите и нападите врз новинари од телевизијата „Клан Косова“ и весникот
„Зери“ и нападот врз имотот на радиото „Колашин“, кои беа извршени неодамна.
– Институциите треба да создадат средина, во која медиумите ќе можат да работат слободно и безбедно, без недозволиви влијанија и мешање, рече Шлумберже.
Тој изрази задоволство од доставувањето на нацрт-законот за заштита на новинарските извори, нагласувајќи дека гласањето на законот ќе даде вреден придонес за натамошниот развој на истражувачкото новинарство.