Објавени првите фотографии од убијците, црногорските нарко-босовите го смениле изгледот

Од:

Грчките медиуми ги објавија првите фотографии од четворицата убијци на водачите на црногорскиот Шкаљарски клан, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ, снимени од безбедносните камери пред ресторан во Атина, каде и се случи злосторството. На двајцата нарко-босови им беа испукани 20 куршуми во глава за само 30 секунди, додека тие седеле во ресторанот со своите сопруги и со децата.

На фотографиите се прикажани четири мажи во црни јакни и маскирни панталони кои одат кон ресторанот каде што седеле жртвите. Потоа, од камерите се гледа како тие по неколку минути истрчуваат надвор и бегаат.

Грчкиот весник “Слободен печат” повикувајќи се на извори од полицијата, соопшти дека во таверната од 24 испукани куршуми само три не ги погодиле жртвите, што говори за решителноста на убијците, но и за нивната прецизност.

Неколку дена по суровата ликвидација, грчката полиција се обидува да открие дали четворица мажи влегле во земјата со фалсификувани пасоши како Дедовиќ и Стаматовиќ, кои имале фалсификувани патни исправи.

Во јавноста се појавија и информации дека црногорските криминалци во целост го имале променето својот физички изглед и дека Дедовиќ значително ослабел и пуштил брада за да не биде препознаен.

Медиумите пренесуваат дека и понатаму се чешлаат контактите кои евентуално можеле да им пружат прибежиште на Дедовиќ и Стаматовиќ додека се криеле, па полицијата врши разговори со сомнителни лица од Балканот кои живеат во близината на Атина.

Убиството се случи во неделата вечерта, кога двајца пукаа на водачите на Шкаљарскиот клан, а двајца на нишан ги држеа гостите во ресторанот. Потоа четворицата избегале со црн џип по кој се уште се трага.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски