Објавени деталите од протоколот во Анкара, Мишел и Фон дер Лајен имаат различен статус

Од:

Дипломатскиот инцидент „Софагејт“ и притисоците од јавноста ги наведоа службите на претседателот на Европскиот совет да ги објават деталите од протоколот на посетата на двајцата ЕУ претседатели на Анкара.

При посетата кај турскиот претседател во Анкара претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, не доби седиште до нејзиниот колега претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел и нивниот домаќин, претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Таа беше принудена да седне на одвоена софа оддалечена од двајцата мажи што предизвика лавина реакции и обвинувања за сексизам како кон Ердоган така и кон Мишел кој седна без колебање оставајќи ја фон дер Лајен на каучот, како што може да се види на снимките.

Анкара тврди дека распоредот на седиштата е направен по барање на ЕУ, а Шарл Мишел на социјалните мрежи изјави дека жали поради овој инцидент.

На инсистирање на новинарите во Брисел попладнево од кабинетот на Мишел пристигнаа детали од протоколот од посетата во Анкара, кој укажува на тоа дека ЕУ службите немале пристап до контроверзната просторија на претседателот Ердоган и не знаеле колку седишта има.

-На петти април 2021 се одржа подготвителна средба помеѓу протоколарните служби на земјата домаќин и ЕУ страна за да се подготви средбата. Протоколарните служби на Советот беа присутни, а делегацијата на ЕУ која ја организираше средбата не беше присутна, со исклучок на регионален безбедносен службеник. Од друга страна, протоколарната служба на Комисијата, која е обично одговорна за мисиите на Претседателката на Комисија, беше отсутна.

Според објаснувањата од кабинетот на претседателот на Советот, службите ги посетиле кусо просториите но не и собата каде се одржа средбата, ниту пак трпезаријата каде се одржа вечерата, затоа што, според Советот, Анкара сметала дека се наоѓаат премногу блиску до канцеларијата на Ердоган.

-Ако просторијата каде се одржа тет-а-тет средбата беше посетена ќе сугериравме до нашиот домаќин, дека од учтивост треба да се замени софата со две фотелји за претседателката на Комисијата. Во трпезаријата, до која имавме пристап неколку мигови претходно, ја модифициравме големината на трите столици за ВИП лицата, во полза на претседателката на Комисијата, стои во документот на Советот.

Понатаму службите на Мишел истакнуваат дека тој сугерирал фон дер Лајен да биде вклучена во фотографиите на двата претседатели за илустрација на средбата.

-Треба да се забележи дека протоколарниот ред етаблиран од Повелбата на ЕУ секогаш се следел и е потврден во форма на договор помеѓу шефовите на протоколите на двете институции. Генерално протоколот на трети земји прави јасна разлика помеѓу статусот на шеф на држава, кој го има претседателот на Европскиот Совет, и статусот на премиер, кој го има претседателот на Комисијата, ова би можело да е изворот на проблемот, заклучува Советот на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Дендијас и Чавушоглу се потскараа на заедничката прес-конференција во Анкара

Жарко Настоски

Турските лекари излегоа на протест против владата, бараат построги мерки

Жарко Настоски

Политико: Урсула фон дер Лајен обвинета за кршење на дипломатскиот протокол

Урсула фон дер Лајен ја прими првата доза вакцина против Ковид-19

Дендиас на средби со Ердоган и со Чавушоглу во Анкара

Турција го казни Гугл со 36,6 милиони долари

Жарко Настоски